Кројачка консултација
на ваша локација
Кога немате време да дојдете до ателјето, можеме да договориме посета за консултација, мерење и проценка на облеката на ваша локација.
Кројачка поддршка кога ви треба повеќе удобност
ВИП мобилната услуга е наменета за клиенти кои имаат ограничено време, намалена мобилност или потреба од попрактичен начин на консултација. По договор, доаѓаме на локација за да ја разгледаме облеката, да земеме мерки и да предложиме соодветно решение.
Консултација
на ваша локација
Заедно утврдуваме време и место кое Вам најмногу ви одговара, со цел да ги увидиме вашите потреби и да одоговирме на истите.
Земање мерки на терен
Практично решение кога ви треба мерење за прилагодување, стеснување, проширување или друга кројачка интервенција.
За клиенти со
ограничено време
Погодно за луѓе со густ распоред, на кои им е полесно консултацијата да се направи дома, во канцеларија или на договорена локација.
За повеќе парчиња одеднаш
Може да разгледаме повеќе парчиња во една посета, особено ако имате неколку работи за прилагодување или проценка.
Преземање за изработка
Кога ќе се договориме за интервенцијата, облеката ја превземаме за да се изработи во нашето ателје.
Достапно на територија
на град Скопје
Посетата се организира по претходен договор, според локацијата, достапните термини и видот на услугата што ви е потребна.
Како функционира?
ВИП мобилната услуга се договара однапред, за да можеме правилно да го испланираме времето, локацијата и видот на консултацијата.
Закажување термин
Нè контактирате со локација, број на парчиња и краток опис на потребата.
Посета и мерење
Доаѓаме на договорената локација, ја разгледуваме облеката и земаме мерки.
Договор за изработка
Ви кажуваме што е возможно, која е цената за интервенцијата и кој е очекуваниот рок.
Изработка и испорака
Облеката се изработува во ателје, а подигнувањето или враќањето се договара.
Зошто Прекроено?
Ви треба кројачка консултација на ваша локација?
Контактирајте нè со краток опис на облеката, локацијата и услугата што ви е потребна.
Ќе ви кажеме дали ВИП мобилната услуга е соодветна за вашата ситуација и ќе договориме термин ако е изводливо.
ЈАВЕТЕ СЕ
ИСПРАТЕТЕ БАРАЊЕ
Работно време
Вторник – Петок: 12:00 – 19:00
Сабота: 10:00 – 14:00






