Поправка, прекројување и редизајн на облека во Скопје
Од мали корекции до креативна трансформација, затоа што омилената облека заслужува втора шанса а природата помалку отпад.
Решенија за секое парче
Разгледајте ги опциите подолу и дознајте како можеме да ви помогнеме со вашата облека, текстил или посебна нарачка.
Како функционира?
Од едноставни поправки до целосен редизајн, во Прекроено.мк работиме со облека и текстил што вреди да продолжи да се користи.
Прием на облеката
Заедно утврдуваме што треба да се поправи, прилагоди или редизајнира.
Проценка и договор
Пред изработката ги договараме цената, решението и рокот.
Следење на изработката
Скенирајте го QR кодот од потврдата и проверете го статусот во секое време.
Подигнување
Ќе ве известиме кога вашата нарачка е подготвена за подигнување.
Зошто Прекроено?
Во Прекроено, секое парче го гледаме како нешто што може да се поправи, прилагоди или добие нова форма. Работиме внимателно и со почит кон материјалот, времето и приказната што ја носи вашата облека.
Не сте сигурни која услуга ви е потребна?
Донесете го парчето во нашето ателје или контактирајте нè за кратка консултација. Ќе го разгледаме материјалот, ќе ви кажеме што е возможно и ќе предложиме решение што најмногу одговара на вашата потреба.
ЈАВЕТЕ СЕ
Работно време
Вторник – Петок: 12:00 – 19:00
Сабота: 10:00 – 14:00




