Поправи. Прекрои. Пренамени.
Ја продолжуваме приказната на омилената гардероба и го намалуваме текстилниот отпад.
Што може да направиме за Вас?
Од мали поправки и корекции, до прекројување и креативен редизајн – изберете ја услугата што најмногу Ви одговара.
Нашата приказна
Одржливата мода започнува со мал чекор:
Поправи, наместо да замениш.
Секоја година илјадници парчиња текстил завршуваат како отпад, иако многу од нив можат повторно да се користат. Прекроено постои за да ѝ даде втора шанса на облеката – преку поправка, прекројување и креативна реупотреба на материјали.
Наместо да се фрли, старото парче облека може да стане вашиот омилен предмет повторно, или дури и нешто сосема ново.
Зошто Прекроено?
Во Прекроено, секое парче го гледаме како нешто што може да се поправи, прилагоди или добие нова форма. Работиме внимателно и со почит кон материјалот, времето и приказната што ја носи вашата облека.
Дополнителни услуги и соработки
Покрај секојдневните поправки, прекројувања и редизајн, Прекроено нуди и посебни услуги за клиенти, организации и компании кои сакаат поинаков, поодржлив пристап кон текстилот.
Имате парче облека што заслужува втора шанса?
Донесете го кај нас, а ние ќе ви предложиме што може да се поправи, прилагоди или прекрои. Пишете ни или јавете се за консултација и термин.



















