Занаетчиско ателје за облека со нов живот
Прекроено.мк е ателје во Скопје посветено на поправка, прилагодување, редизајн и креативна повторна употреба на облека и текстил.
Нашата приказна
Прекроено.мк има едноставна мислија да се бори против брзата мода и намалување на текстилниот отпад, применувајќи ги принципите на циркуларната економија. Нашата идеја е дека можеме да ги следиме модните трендови, да го негуваме личниот стил и истовремено да правиме нешто добро за животната средина.
Веруваме дека гардеробата најчесто има потенцијал за повторно да се употреби, само треба внимателно да се увиди вистионскиот начин како тоа да се направи.
Нашето ателје е создадено како простор каде занаетот, креативноста и одржливоста се спојуваат во практична услуга за секојдневниот живот. Поправаме, прекројуваме, редизајнираме и создаваме нова вредност од постоечки материјали.
Што значи „Прекроено“ за нас?
Внимание кон секое парче
Секое парче облека го гледаме индивидуално. Пред да започнеме, разговараме што ви треба, што е возможно и кое решение има најмногу смисла според материјалот, состојбата и вашата потреба.
Поправка наместо фрлање
Малите интервенции често прават голема разлика. Наместо облеката да заврши заборавена или фрлена, ѝ даваме можност повторно да се носи и користи.
Креативна повторна употреба
Кога парчето не може да продолжи во истата форма, материјалот може да добие нова намена. Од облека, банери, текстил или други материјали може да се создадат нови, корисни и уникатни производи.
Промоција на традицоналниот занает
Го почитуваме и промовираме занаетот кој изумира, применувајќи ги принципите на циркуларната економија, сведени во современ контекст адаптирани според потребите на клиентите.
Кој стои зад ателјето?
Зад Прекроено стои мал тим со љубов кон текстилот, рачната изработка и практичните решенија што имаат смисла.
Во ателјето се спојуваат кројачко искуство, креативност, организација и желба да се создаде поинаков однос кон облеката. Работиме внимателно, искрено и со почит кон секое парче што ќе ни го донесете.
Прекроено.мк не е само традиционална шнајдерско/кројачка работилница, туку место каде текстилот добива посебно внимание и третман, насочено спрема потребите и желбите на клиентите.
Што можете да најдете кај нас?
Работиме внимателно, јасно и со договор
Разговор за целта
Прво ја разгледуваме облеката или идејата, за да разбереме што ви треба и што е реално возможно.
Проценка
Ако нешто не е изводливо или нема да даде добар резултат, ќе ви кажеме отворено.
Практично решение
Целта не е само да се направи интервенција, туку да се добие решение што има смисла за парчето.
Внимание на деталите
Секое парче го третираме со грижа, бидејќи знаеме дека облеката често има и практична и лична вредност.
Повеќе од ателје за поправки
Прекроено е дел од поширока идеја за поодговорен однос кон облеката и текстилот. Преку редизајн, upcycling, корпоративни нарачки и работилници, сакаме да покажеме дека постоечките материјали можат да имаат нова вредност.
Учествуваме во креативни и едукативни активности, соработуваме со организации и развиваме работилници што ја доближуваат темата на одржлива мода до различни групи, од млади и ученици до компании и тимови.
Нашата цел е Прекроено да биде место каде традиционалниот занает добива современа улога: практична, креативна, локална и одржлива.
Имате парче што сакате повторно да го носите?
Донесете го во нашето ателје или контактирајте нè за кратка консултација. Ќе ја разгледаме облеката, ќе ви кажеме што е возможно и ќе предложиме решение што најмногу одговара на вашата потреба.
ЈАВЕТЕ СЕ
Работно време
Вторник – Петок: 12:00 – 19:00
Сабота: 10:00 – 14:00








